Спорт

ГОЛГЕТЕР ВЕТЕРАН

Дека годините не смеат да бидат изговор да не се занимаваме со спорт, уште еднаш докажа бизнисменот Трифун Костовски кој денеска на својата страница на Фејсбук сподели интересна фото сторија за последниот натпревар одигран со пријателите.

Објавата ја пренесуваме во целост:

Почитувани пријатели, спортот и музиката како хоби се секојпат дел од мојот живот. Играм фудбал, тенис, меѓутоа на аматерско ниво. Вообичаено веќе со децении наназад играм мал фудбал со моите другари од детство, а сега кога голем дел од нив се веќе заминати, играм фудбал со помлади луѓе. Ја користам привилегијата да бидам почитуван од соиграчите и да ми местат. Замислете, на последниот натпревар што го игравме во салата Јане Сандански на 13.02.2022, ден недела, постигнав 11 гола. Единаесет … никогаш во животот тоа не ми се случило. Ова е прилика да ја споделам мојата голгетерска мајсторија и радост со вас од причина што во такви мигови човек се чувствува многу среќен.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Спорт

Next Article:

0 %