Вебинар за загадувачи
Државниот инспекторат за животна средина соопшти дека е одржан вебинар на тема „Принципот загадувачот плаќа и еколошка одговорност во земјите на Западен Балкан“.
Вебинарот бил со цел да ги идентификува главните прашања во спроведувањето на принципот „загадувачот плаќа“, со конкретна референца за примената на еколошката одговорност во земјите од ЕУ и Западен Балкан. На вебинарот свои презентации имаа ЕУ експерти и експерти од Западен Балкан, меѓу кои и од С.Македонија за чистењето на опасниот отпад од ОХИС, Скопје.
Настанот се одржил преку Интернет, на платформата ZOOM.
ДИЖС со свои претставници беше дел од вебинарот организиран од овој Проект од страна на Програмата за животна средина при ОН, централата во Виена.


















