Асфалтирана улица во Радишани
Денеска се одвиваа завршните работи околу асфалтирањето на улицата „Петко Јанчевски” во населбата Радишани, во Општина Бутел.
-Ова се дел од предвидените активности за санирање и одржување на сообраќајната мрежа, велат одговорните во Општината.
Асфалтираната улица е во должина од речиси петстотини мести, а работите поврзани со реконструкцијата и асфалтирањето ги изведува компанијата „Гама Градба”.
Целиот проект ќе чини 1,2 милиони денари, без вклучен ДДВ, информираат од општината.


















