Екологија

Акција на Град Скопје за чистење и уредување на кејот на Вардар

Град Скопје отпочна акција за чистење и уредување на кејот на Вардар на потег од општина Гази Баба и Аеродром до Ѓорче Петров.

Акцијата, како што информираат од Градот здружено ја реализираат тимови од ЈП Комунална хигиена, Паркови и зеленило, Улици и патишта, Водовод и канализација и Лајка.

– Посветено работиме на зелените површини и местата за рекреација во градот, а воедно го најавуваме новиот проект за кејот на Вардар, со нови рекреативни содржини и подигнување нови зелени површини, садење нови дрвја со што делуваме кон почиста животна средина и создавање соодветно место за рекреација на жителите на град Скопје, се вели во соопштението од Град Скопје.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %