Пуштена во употреба улицата „Христофер Жефаровиќ“ во Сингелиќ
Град Скопје соопшти дека е пуштена во употреба на улицата „Христофер Жефаровиќ“ во скопската населба Сингелиќ.
Од Град Скопје информираат дека градежните работи на терен ги изведуваше Јавното претпријатие „Улици и патишта“, при што покрај коловозната површина од 2.400 квадратни метри се изведоа пешачки патеки oд 685 метри и површина од 1250 метри квадратни, со цел движењето на граѓаните во сообраќајот на тој потег да биде безбедно и сигурно.

-Пред неколку месеци имав можност во населеното место Сингелиќ, заедно со граѓаните од локалната заедница да ја посетам улицата Христофер Жефаровиќ која беше во катастрофална состојба, неасфалтирана и раскопана. Затоа посветивме внимание на барањата на жителите и ја поставивме како приоритет, за движењето на граѓаните во сообраќајот на тој потег да биде безбедно и сигурно. Со оваа одлука излегуваме во пресрет на барањата за изградба на улицата Христофер Жефаровиќ, со цел да се постигне рамномерен развој во урбаниот и руралниот дел на Скопје, истакна градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.


















