Свет

Остин: Обуката на украински пилоти за Ф-16 ќе почне наредните недели

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин изрази надеж дека обуката на украинските пилоти за летање со борбени авиони Ф-16 ќе почне наредните недели.

Остин им ова го изјави на виртуелна дискусија со колеги од целиот свет, посветена на воена помош за Украина. Се очекува министрите за одбрана да разговараат за прашањето кои земји ќе му дадат на Киев борбени авиони Ф-16 и да прецизираат детали поврзани со обука на украинските пилоти.

– Ќе мораме да ги продлабочиме нашите напори и да продолжиме да бараме креативни начини за зајакнување на нашиот индустриски капацитет, рече Остин пред почетокот на затворената седница на министрите за одбрана.

– Се надеваме дека обуката ќе започне во наредните недели. Ова ќе ги зајакне и подобри можностите на украинските воздухопловни сили на долг рок и ќе ги надгради нашите краткорочни и среднорочни договори, додаде тој.

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, вчера изјави дека обуката на украинските пилоти веќе е започната во Полска и во некои други земји, иако полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак посочи дека обуката се уште е во фаза на планирање. Холандија и Данска се исто така меѓу земјите кои имаат намера да понудат обука за украинските пилоти.

Холандската министерка за одбрана Каиса Олонгрен рече дека веќе се разговара за бројот на борбени авиони што нејзината земја ќе ги испрати во Украина.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Свет

Next Article:

0 %