Македонија

Борци против организираниот криминал во Република Македонија

Бизнисменот Трифун Костовски денеска на својата официјална Фејсбук страница објави став за односот на политичките партии кон организираниот криминал во Македонија.

Ставот го пренесуваме во целост:

Борци против организираниот криминал во Република Македонија

Почитувани читатели, сакам со вас да споделам моја лична перцепција во борбата против општественото зло наречено организиран криминал и корупција во Република Македонија.

Самиот факт што според Транспаренси Интернешнл нашата држава е меѓу највисоко рангираните земји во светот со организиран криминал, имплементиран во системот, говори сам за себе.

Повеќе од очигледно е дека политичките партии на власт и во опозиција, повеќе се занимаваат со многу понебитни работи во своето секојдневие, отколку да вистински се зафатат во костец со ова зло.

Посебно сум изненаден од партиите во опозиција кои на тукушто објавениот извештај, кој е фактографски за банкарскиот криминал во Македонија, останаа неми.

Денот на објавување на извештајот 22 Август, најголемата опозициска партија на својот одржан прес се посвети на нерегуларности во практикувањето на офталмологијата во приватната клиника Ре-Медика, Скопје. Ниту збор за објавениот фактографски извештај за организиран банкарски криминал.

Партијата Левица во изминативе денови го турка проектот затворање на отворениот клуб Ванчо Михајлов во Битола. За испорачаниот и од нивна страна прегледан извештај нема ниту збор. Летаргијата на политичкиот свет во Македонија и понатаму владее контролиран од организираниот криминал, друг заклучок нема. Ја поздравувам и поддржувам амбасадорката на САД во Македонија госпоѓата Брнз која не пропушта ниту еден прес, при нејзино појавување во јавноста да не опомене и да не се осврне на фактот дека Македонија мора да се справи со организираниот криминал и корупција, доколку сака да биде членка на Европската Унија.

На крајот заклучувам дека многу борци меѓу нас граѓаните на Република Македонија за справување со ова зло нема, а ги поттикнувам амбасадите на државите членки на ЕУ и на САД да продолжат со нивната активност укажувајќи секој миг дека ова општествено зло е штетно за Република Македонија, а посебно за нејзините граѓани.

Можеби ќе ви се допадне

Македонија

Продолжуваат предизборните коалицирања, од ПССЕ оценка дека предизборниот период е стабилен и очекуваат избори според демократските стандарди

Во пресрет на претседателските и парламентарните избори, политичките партии во земјава продолжуваат со предизборните коалицирања. ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %