Став на Костовски

ЌОРСОКАК

Изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи, цитирам: Доста е веќе! – „Потрошивме премногу енергија со Бугарија за фрустрации и разочарувања“, говори дека актуелниот министер веднаш треба да си даде оставка, бидејќи основната мисија на неговото раководење со Министерството беше да обезбеди симнување на вето од страна на Република Бугарија за отпочнување на преговори со ЕУ.

Тоа не се случи.

Оваа изјава на господинот Османи значи дека Македонија е во ќорсокак за отпочнување на преговори со ЕУ за влегување во Европското семејство. Потребни се нови избори и нова влада која ќе преземе друг приод во решавање на постоечкиот проблем со Република Бугарија. Повеќе од очигледен е фактот дека последиците од небулозното водење на Владата од страна на господинот Заев, посебно со преговорите со Бугарија ги трпиме и денес.

Оваа гарнитура на политичари треба да замине во историјата.

 

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Next Article:

0 %