Став на Костовски

Јавното здравство на колена

Последниве години сведоци сме на масовно заминување на медицинскиот и лекарски кадар од јавните здравствени институции. Сервисот кој што по закон јавното здравство треба да го испорача на своите сограѓани е донесен до степен на непрепознатливост.

Немањето кадар, расипана опрема, немањето репроматеријали и логистика се само дел од нештата што недостигаат во јавното здравство. Чашата на огорченост ја прели смртта на шестгодишната Јана Христовска во битолската клиника, која поради небрежност го изгуби својот живот.

Сомнежите во образовниот систем во Република Македонија се покажуваат во нашето секојдневие. Образовните процеси на стручниот медицински персонал и доктори е девастиран. Се купуваат дипломи и сертификати. Резултатите од ваквата трговија со дипломи и сертификати е видлива. Секојдневно ја плаќаме со животи на наши блиски пријатели и сограѓани. Отворено прашувам: кој ќе понесе одговорност за малата Јана, кој ќе понесе одговорност за илјадници здравствени осигуреници кои не можат да го искористат своето право на јавно здравство? Јавна тајна е дека јавното здравство во Македонија е на колена од сите можни аспекти, кадровски, стручен, екипираност, недостаток на опрема и лекови.

Прашувам отворено: зошто на удар се зема приватната клиника „Жан Митрев“? Мој личен впечаток е дека за лошата состојба во здравството мора некој да биде виновен. Кога не можеме да ги осудиме политизираните јавни здравствени институции тогаш земаме да го судиме приватниот сектор во јавното здравство, во случајов Жан Митрев. Партизацијата во здравството и останатите сегменти на нашето живеење како образование, економија, култура, спорт е главниот виновник за ваквата состојба. Генезата за ваквите нешта мора да ја бараме во основата на изборниот законик. Видливо е во изминатите две децении со практикување на постоечкиот изборен законик Македонија е во постојан слободен пад во сите сегменти на нашето живеење. Мора да го сопреме овој процес. Не смееме да молчиме.

Крајно време е политичките партии да се свртат кон потребите на секој поединец во Република Македонија.

Можеби ќе ви се допадне

Став на Костовски

РЕЗИЛ

Новоизгласаниот Кривичен законик со просто мнозинство изгласан во Собранието на Република Македонија, за мене означува ...
Став на Костовски

ГЛУПОСТ

Деновиве во јавноста протече информацијата дека спортската сала Борис Трајковски ќе биде детално реконструирана за ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %