Став на Костовски

ЧОПОР

Коалициите од типот на политички интерес се засновани исклучиво со желбата да се остане или освои власт. Сите партии кои коалицираат меѓу себе немајќи храброст самостојно да се соочат со граѓаните на Република Македонија, бараат излез во коалиции. Несигурноста од реакцијата на граѓаните ги тера да бидат ставени во чопор кој што ќе им значи каква-таква сигурност дека нема да го доживеат вистинскиот дебакл во конкретниот изборен циклус. Со ваквите коалиции се манипулираат граѓаните на Република Македонија и уште повеќе го поттикнуваат чувството на неперспективност како на лично така и на државно ниво. Летаргијата продолжува, а коалициите пред изборите и после изборите стануваат реалност во остварувањето на своите лукративни интереси. По мене сите партии во Република Македонија треба да излезат со свои програми и самостојни во изборните циклуси дали на локално или централно ниво. Тоа е единствениот начин за вистински политички легитимитет на секоја политичка партија.

Можеби ќе ви се допадне

Став на Костовски

РЕЗИЛ

Новоизгласаниот Кривичен законик со просто мнозинство изгласан во Собранието на Република Македонија, за мене означува ...
Став на Костовски

ГЛУПОСТ

Деновиве во јавноста протече информацијата дека спортската сала Борис Трајковски ќе биде детално реконструирана за ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %