Луѓе

Убаво е кога имаш со кого да споделиш убавина

Многу приказни, многу легенди и луѓе кои оставиле траен белег за Македонија, раскажуваат за Галичник, за своето родно место. Пратенија Зографски, Ѓорѓија Пулевски, Панајот Гиноски, Александар Сариевски, родени токму тука проткајаа дела, песни, пишувања во кои Галичник вечно ќе живее, а и тие во него.

Можеме да бидеме носталгични за едно време-минато, да не облеат чувство на среќа и тага истовремено. Тоа се случува кога ќе го чуеме звукот на зурлите и тапаните, а потоа ќе се заигра Тешкото оро. Ние Галичаните тоа го носиме во душа. Гордост е да водиш потекло од едно вакво место, автентичено само по себе. А уште поубаво е кога сета убавина, и она што длабоко го крие имаш со кого да го споделиш.

АТВ турите го нудат токму тоа. Да дојдеш, да ѕирнеш дел од она што се крие и повторно да се вратиш по некое време. Легендата вели, кој дошол еднаш во Галичник, се вратил повторно. Тоа е како магија од која нема бегање.

Бидејќи сме планинско место, и во зима селото не е достапно за возила поради големите снежни наноси и не можноста истите да се чистат често. Сега веќе природата почнува да се менува во боите на есента и сезоната полека завршува. Ве повикуваме последните топли мигови од оваа година да ги поминеме тука заедно, во Галичник. Добра дружба и прошетка низ нашето планинско богатство.

Пишуваат: Огнен Миновски, Филип Луканоски и Љупчо Ѓорѓиоски

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Луѓе

Next Article:

0 %