Македонија

Трифун Костовски во Жешко политичко лето на Канал 5

Бизнисменот Трифун Костовски вчера гостуваше во емисијата Жешко политичко лето на Канал 5 во која зборуваше за неговата приватна истрага во врска со стечајот на Еуростандард банка, општо за ситуацијата во Македонија, како и за неговиот евентуален политички ангажман.

Неколку портали денеска се осврнаа на неговото излагагање. Во продолжение пренесуваме дел од извештаите, додека целата емисија можете да ја погеднете на следниот линк.

Локално.мк

Бизнисменот и поранешен сопственик на „Еуростандард банка“, Трифун Костовски истакна дека стечајот на банката е најтешкиот удар што го има доживеано.

-Не правев ништо што би требало да биде банката однесена во стечај. Има два концепти за Еуростандард – првиот преку моите колумни ги повикував сите клучни фактори да одговорат зошто одредени процедури и измени на закон се променети. Анита Бежоска беше повикана да одговори зошто ги прескокна алатките што ги има за одземање лиценци на мене и управен одбор. Предупредувања добивавме, но алатките не ги искористи. Физичките лица се исплатени, Обвинителство молчи, а јас не знам зошто сум осомничен. Сега мака мачат како да дадат оправдание зошто е донесен стечајот, вели Костовски во емисијата „Жешко политичко лето“.

Костовски објасни дека сите физички лица од стечајната маса се исплатени.

-Денес веќе не знам дали постои тоа Здружение на штедачи. И да постои не му ја знам функцијата, информира Костовски и додава:

-Еуростандард банка ги почитува сите легислативи со стејачот. Ние реагираме на секоја одлука, ни се одбиваат и ни се затвораат вратите. Банката беше однесена во стечај без употреба на алатки. Во платниот промет на Македонија, Еуростандард банка беше голема банка. Јас едвај чекам да добијам било каков знак, бидејќи неизвесноста трае. Јас имам сила се уште и не се изморувам, Господ ми ја дал. Во животот ништо не ми било подарено и секој пат сум се борел и ова е можеби еден од последните предизвици да успеам и ќе се борам, изјави Костовски на прашање на водителот дали очекува обвинителна или ослободителна пресуда.

Канал 5

Костовски во емисијата говореше за приватната истрага за Еуростандард банка. Рече дека во манипулациите со кредитите биле вклучени повеќе лица, но и банки.

Прес24.мк

Бизнисменот и поранешен сопственик на „Еуростандард банка“, Трифун Костовски, во гостувањето во емисијата „Жешко политичко лето“, на Канал 5 ТВ изјави дека стечајот на банката е најтешкиот удар што го има доживеано.

-Не правев ништо што би требало да биде банката однесена во стечај. Има два концепти за Еуростандард – првиот преку моите колумни ги повикував сите клучни фактори да одговорат зошто одредени процедури и измени на закон се променети. Анита Бежоска беше повикана да одговори зошто ги прескокна алатките што ги има за одземање лиценци на мене и управен одбор. Предупредувања добивавме, но алатките не ги искористи. Физичките лица се исплатени, Обвинителство молчи, а јас не знам зошто сум осомничен. Сега мака мачат како да дадат оправдание зошто е донесен стечајот, вели Костовски во емисијата „Жешко политичко лето“.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Next Article:

0 %