Став на Костовски

ТРГУВАЊЕ

Неприфаќањето на Владиниот предлог на покачување на платите од 12% од страна на СОНК го толкувам како чин што заслужува внимание. Сведоци сме на меѓусебно тргување во проценти колку треба да се покачи платата на образовниот кадар во образовните институции.

Доколку Владата и СОНК имаа чесни намери давам предлог за минимално покачување од 15%, со додатна формула која ќе важи во образованието за додатно покачување во наредниот период. Зошто? Затоа што денес никој не може да гарантира до кој степен ќе се влошува светскиот пазар, пазарот на енергенси и можното покачување на трошоците во нашето секојдневно живеење.

Чувар на модерното општество е образованието.

Не смееме да штедиме на лицата кои зеле обврска да ги едуцираат нашите деца. Само така ќе успееме да создадеме вредносен систем каде и во самото образование ќе бидат регрутирани и поквалитетни кадри.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Next Article:

0 %