Став на опозиција

ТЕНДЕРИ

Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ

Власта бара прогласување на нова условно кажано криза поврзана со енергетската криза за да може да краде и да склучува тендери во 4 очи, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговорајќи на новинарско прашање, потенцирајќи дека постојат индиции за милионски криминал во јавно претпријатие, токму од такви тендери во 4 очи.

– Енергетската криза и справувањето со нејзе повеќе наликува на народната со штурецот кој си свиркал и кога дошло времето само останал гладен и не се подготвил за зимата. Така и власта како штурецот и се обидува на мала врате да протне состојба на енергетска криза за да може повторно да си склучува договори во 4 очи и да краде. Таков еден пример ни се случува изминативе 4 години со тендерот кој беше во 4 очи, а тоа е набавка на битумен за едно јавно претпријатие, каде што цистерната според пресметката која што комисиите во партијата ја направија чини фантастични близу 12.000 евра, а пред неколку недели сами ЈП Улици и патишта во Скопје сличен таков материјал набави за 11.000 евра помалку односно 1.200 евра, рече Мицкоски.

Тој посочи дека затоа се бараа оваа кризна состојба за да можат во 4 очи да купуваат електрична енергија, мазут да се носи по регионот и да се нудат проценти, и додаде дека тој е против, односно од партијата прво ќе се побара власта да одговори каде се потрошија прво парите под превез на енергетска криза, па потоа да се бара прогласување на нова.

– Јас сум против енергетската кризна состојба и ќе отворам внатрепартиска дебата и ќе разговарам и со пратеничката група. Најпрвин да видиме каде отидоа парите на граѓаните во изминатиов период, под превезот на енергетска криза. Да видиме колку тендери се потпишани во 4 очи, колку пари отидоа за ископ во РЕК Битола, колку пари отидоа за мазут во Битола, Осломеј и ТЕЦ Неготино, колку пари отидоа за поддршка на ликвидноста на поранешно ЕЛЕМ, за да набавува електрична енергија. Прво да се види каде отидоа народните пари, а потоа да зборуваме за поддршка за следната условно кажано кризна состојба, истакна Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека постојат индиции за криминал, односно дека 11.000 евра по цистерна за битумен е разликата помеѓу едно и друго јавно претпријатие.

– Едното е ЈП Улици и патишта другото е Македонија пат, каде е директор оној поранешен пратеник од СДСМ од скопска населба. Отприлика околу 11.000 евра е разлика по цистерна, односно криминалот е 3-4 милиони евра, имаме основано сомнение за тоа, потенцираше Мицкоски.

 

Можеби ќе ви се допадне

Став на опозиција

ПРИНЦИПИ

ВМРО-ДПМНЕ Арсовска разочара затоа што не испорачува резултати, ВМРО-ДПМНЕ докажа дека се бори за принципи, ...
Став на опозиција

МОЛК

Опозициските партии останаа неми на резултатите од истрагата за стечајот на Еуростандард банка.
Став на опозиција

ЛОШО

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање при ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Next Article:

0 %