Култура

Српската издавачка куќа „Лагуна“ ги објави српските верзии од книгите на „Светот на Биби“

Издавачката куќа во Србија „Лагуна“ ги објави изданијата од „Светот на Биби“ на српски јазик.

За читателите во Србија достапни се книгите „Бонтон за деца“, „Светот на Биби од А до Ш“, „Рудникот на Џемаил“ и „Мајстор за снежни лудории“ преведени на српски јазик.

Бонтон за деца“ и „Светот на Биби од А до Ш“ се во подготовка и месецов ќе бидат пуштени во продажба, додека сказните „Рудникот на Џемаил“ и „Мајстор за снежни лудории“ веќе може да се купат во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Билјана Црвенковска е автор на сите четири книги преведени на српски, додека за илустрациите се заслужни Тхе Мичо и Магдалена Тофиловска.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %