Луѓе

Со оваа  техника нема никакво ограничивање се е возможно да се изработи

Надица Ашаданова Гегоска со нејзините вешти раце и огромно трпение изработува уметнички дела од срма!

Надица, кога почна да се занимаваш со изработка на филиграни и од каков се материјал ги изработуваш?

Со оваа техника се занимавам интензивно 2 години, и не постои ден да не изработам некое дело. Бидејќи водам своја статистика до сега имам изработено 883 дела.

Од материјали користам срмен конец, стаклени циркони, лепило, подлога и рамки во кои ги урамувам.

Колку време е потребно да се изработи едно дело?

Различно е времето за секое дело, многу зависи темата, димензијата и тежината на сликата.

Временскиот интервал е од 5 часа до 4 дена.

Како изгледа процесот од идеја до реализација?

Многу битно е да го сослушате клиентот кој го порачува делото до сите детали. Потоа се печати/ изработува шема на изработката , се нанесува лепило и се почнува со аплицирање на конецот најчесто во кружни движења.

Откако ќе го изработам делото со конец се режи и се оформува фигурата во 3 д форма.

На крај се урамува во рамка соодветна на големината.

Дали изработуваш филиграни по нарачка?

Да, најчесто е така. Има многу креативни луѓе кои порачуваат за себе и за своите најблиски и тоа навистина ме радува бидејќи со оваа  техника нема никакво ограничување, се е возможно да се изработи.

 

Сметаш ли дека во Македонија се цени доволно рачната изработка?

На почеток мислев дека  не е доволно ценета. Но се повеќе и повеќе ме убедуваат во спртивното. Да се разбереме не е на завидно ниво но се поголема е свесноста кај луѓето за љубовта, трпението и енергијата со која е внесена во тоа дело.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Луѓе

Next Article:

0 %