Луѓе

Секаде каде што може да се случи театар се чувствувам слободно и исполнето

Актерка, авторка на перформанси, водител, хуманист, едукатор за деца и млади,… Енџи Николоска е од се по нешто – спој на талент, амбиција, креативност и напорна работа! Оваа недела разговараме со девојка која знае да истури вистинска бура од емоции на сцената!

За почеток одиме со најтешкото прашање: „Која е Енџи“?
Како за во 8часот наутро, навистина е тешко прашање хахахаха
Енџи е девојка со пастелно-бела коса, понекогаш (не)мирна, неуморна, желна за работа, нови знаења и искуства. Се впушта во нови авантури и приказни, тежнее кон тоа, нештата да бидат подобри од претходниот пат, како и кон тоа работите да се случуваат, сега и тука.

Како и кога се роди желбата за глума?
Ќе звучи клише ако се каже: „Од мали нозе…“, ама за волја на вистината мајка ми вели дека од мала сум ги имитирала блиските или јавните личности. Таа ме има носено на претстави во Театарот за деца и младици на мое барање-магија која освојува од прва. На шест години беше моето прво тв појавување како дете-водител на детска тв емисија, потоа следеше радио емисија. Продолжив да одам на часови во драмско студио, а паралелно бев дел од драмските секции во основно и средно училиште…

Опиши го чувството кога ќе стапнеш на штиците што живот значат (и крцкаат)!
Не се опишува! На сцена, на улица или во некој друг простор.. секаде каде што може да се случи театар и да се игра се чувствувам слободно и исполнето. Се отвораат големи теми, се наметнуваат прашања, лебди дилемата дали постои или не постои решение, понекогаш си подзамислен и си велиш што понатаму?…
Поинтензивно е..отколку нашите приватни животи…

Можеш ли да издвоиш еден твој театарски/филмски проект кој ти е особено драг?
Секој проект е посебна приказна. Приказна која нуди опција-себеистражување.

На кои проекти работиш моментално?
Дел сум од актерска екипа-претстава за најмалите, работам со групи средношколци со кои разговараме за значајни теми и создаваме претстави, овој месец треба да се случи и Статуа фест на ул. Македонија, а следи и премиера на претстава која е многу значајна за мене…

Каде е и што прави Енџи во 2023 година?
Тука некаде, уживам во тоа што се случува и што следи..

Се додека човек работи одговорно, чесно и со труд, желба и љубов, без разлика за колку и какви професии станува збор, во ред е.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Луѓе

Next Article:

0 %