СДСМ од некогаш елитна до денес непрепознатлива партија
Поводот за овој мој став е личната перцепција за СДСМ. Во раните 90-ти години на минатиот век, веднаш по осамостојувањето на Република Македонија СДСМ ја красеа нејзината идеологија, а уште повеќе членството и раководството на оваа партија со што го зацврстија својот државотворен карактер во нивното практикување на политиката.
Елитизмот кој беше препознатлив во оваа партија го чинеа високо интелектуален слој на партиски функционери кои за жал денес во денешниот СДСМ ги нема.
Партијата СДСМ беше украдена од семејството Заеви и разнебитена до непрепознатливост. Недостасуваат интелектуалци од висок маштап со вградени во себе доблесни лични особини. Заевизмот кој денес владее во СДСМ ја ничкоса оваа партија на најниско ниво.
Интелектуалниот капацитет на раководството на оваа партија е многу сомнително и затоа во последните 6 години се направија катастрофални договори по нас, Македонците, со нашите соседи Грција и Бугарија.
Зачудува фактот што оваа партија денес со нејзиното раководство се смета дека е авангардна во економскиот и политичкиот живот во Македонија. Руинирана економија каде поединецот едвај преживува, изгубено достоинство на нас, Македонците, политички потези во кои се девастира Македонија во целост се само дел од она што денес го имаме како реалност во Македонија. Масовното заминување на работоспособното население од Македонија не се должи само на голата егзистенција на поединецот, туку уште повеќе се должи на неперспективата на секој поединец дека ќе може да успее во ова општество, без притоа да биде политички поддржан. Вербата во сите институции во државата од страна на граѓаните е многу ниска. Заминувањето на СДСМ од власт во Република Македонија претставува императив за државата. Нивното крчмење на национално и државно ниво како внатре, така и надвор од државата е погубно. Промена на изборниот законик се наложува како приоритет. Слободните листи на парламентарните избори се потреба. Само на овој начин ќе можеме колку толку да го сопреме денешното разнебитување на Република Македонија и да започнеме со нејзино стабилизирање.
Заклучувам: Македонија е на отворено море каде плови без компас.
Партијата СДСМ ќе ја доживее истата судбина како ПАСОК во Грција.