СВОИ?
ДУИ, Беса и ДПА, Заев ги смета за дел од СДСМ, вели Арбен Таравари од коалицијата Алијанса/Алтернатива. Ова следи по изјавата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за ТВ21, во која вели дека во неговата партија многумина мислат дека во вториот круг на локалните избори во Тетово, СДСМ ќе биде во трка со АА.
Конкретно во Тетово, господин Заев, Беса, ДПА и ДУИ ги смета дека се на СДСМ. Практично и на изборите во 2017 г. Заев силно ја поддржа ДУИ како да е нивен кандидат, практично тие немаат нивен кандидат во Чаир, Гостивар и Тетово, но го поддржаа кандидатот на ДУИ. Заев мисли дека во вториот круг ќе оди Алијанса и СДСМ, но кога вели „СДСМ смета дека во СДСМ спаѓаат ДУИ, Беса и ДПА кои ги смета за свои“, истакна Арбен Таравари.