Скопје

Почнува изградбата на првиот автомобилски висечки мост „Љубљанска” 

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев заедно со првиот заменик–премиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и заменик–претседателот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, ќе направат увид на отпочнувањето на изградбата на мостот „Љубљанска”.

– Се работи за прв автомобилски висечки мост во Скопје вреден шест милиони евра обезбедени од програмата ТАВ, кој ќе ги поврзува улиците „Илинденска” и „Скупи”, и Општина Карпош со општините Ѓорче Петров, Бутел, Чаир и Шуто Оризари, се наведува во соопштението од владиниот Сектор за односи со  јавноста.

На настанот во организација на Град Скопје, ќе присуствуваат и градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев и претставници од раководството на компанијата ТАВ, Метин Батак, Неџат Курт и Фатих Кан.

По увидот, предвидени се изјави за медиумите од страна на премиерот Зоран Заев и градоначалниците Шилегов и Богоев.

 

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

More in:Скопје

Next Article:

0 %