Македонија

Почна одбројувањето до објавувањето на извештајот за стечајот на ЕСБ

Бизнисменот Трифун Костовски денеска на својата официјална страница на Фејсбук почна со одбројување до 22 август, денот за кој е закажано објавувањето на извештајот од неговата приватна истрага за стечајот на Еуростандард Банка.

Пред неколку дена во гостување на Канал 5 тој рече дека стечајот на банката е најтешкиот удар што го има доживеано на деловен план.

-Не правев ништо што би требало да биде банката однесена во стечај. Има два концепти за Еуростандард – првиот преку моите колумни ги повикував сите клучни фактори да одговорат зошто одредени процедури и измени на закон се променети. Анита Бежоска беше повикана да одговори зошто ги прескокна алатките што ги има за одземање лиценци на мене и управен одбор. Предупредувања добивавме, но алатките не ги искористи. Физичките лица се исплатени, Обвинителство молчи, а јас не знам зошто сум осомничен. Сега мака мачат како да дадат оправдание зошто е донесен стечајот, рече Костовски во емисијата „Жешко политичко лето“.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Next Article:

0 %