Култура

Попуст од 50 проценти за влезници во установи од културата за студентите од УКЛО – Битола

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, и претседателот на Студентското собрание на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Битола, Борис Гушевски потпишаа Меморандум за соработка меѓу двете институции, со кој се овозможува студентски попуст од 50 проценти на влезниците во сите национални установи од областа на културата.

Со оваа иницијатива за студентски попуст во сите национални установи што се под надлежност на Министерството за култура, се овозможува културните настани да се подостапни за студентите, истакна Костадиновска-Стојчевска, на потпишувањето на Меморандумот.

-Наша должност е да обезбедиме иднина за младите и да понудиме можности за нивен развој уште на почетокот на нивното образование. Како добра мерка за младите да останат во државава и полесно да добијат можност да бидат дел од националните установи од културата е и Предлог-законот за култура, со кој, како што рече, Костадиновска Стојчевска, се предвидени категории на работни места без работно искуство, се нагласува во соопштението на Министерството за култура.

Инцијативата за студентски попуст во националните установи од културата започна со потпишување на Меморандумот за соработка со Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %