Став на опозиција

ПОНИЖУВАЊЕ

ВМРО-ДПМНЕ

Ако беше распродавањето на државните и национални интереси беше натпревар СДСМ ќе беа неприкосновени шампиони. Тоа што Заев го започна, Ковачевски го усоврши.

Ковачевски како премиер успеа да ја понижи Македонија пред меѓународната јавност и да го погази достоинството државата и македонските граѓани.

Наместо да биде тој кој прв ќе ја брани државата, Ковачевски беше првиот кој ги одобри навредите и понижувањата и не ни помисли да реагира поинаку.

Срамот за Македонија, смешен им е само на СДСМ и на Ковачевски. Само тие може да се радуваат кога некој им ја негира државата. И да биде пострашно, дури и од петни жили го бранат негирањето на Македонија, наместо да го осудат.

Само за СДСМ и Ковачевски е нормално Македонија да ја нарекуваат Источна Бугарија, кога баш таа Бугарија поставува услов да прифатиме дека идентитетот, јазикот и историјата до 1944 година биле бугарски, а Македонија дека била вештачка творба.

Штом вака се радуваат на јавни понижувања и негирања на државата, којзнае колку уште попонизно се однесуваат позади затворени врати каде никој не ги гледа. Којзнае што се имаат прифатено и продадено, па не е ни чудо што го скриваат планот со Бугарија.

Нема срам, понижување и пораз за Македонија кој СДСМ не го претстави како победа.

Премногу е! Доста се понижувања, доста е распродавање на државните и национални интереси. Народот на 18-ти јуни јасно и гласно ќе каже доста е за оваа власт на СДСМ и ДУИ, доста е за вакви понижувања какви што ни приреди Ковачевски.

Време е за предвремени парламентарни избори и достоинствена Македонија.

 

Можеби ќе ви се допадне

Став на опозиција

ЗАЕДНИЦА

Политичката партија Алтернатива, која неодамна излезе од владата и стана опозиција, повика да се почне ...
Став на опозиција

ПРОВОКАЦИИ

Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ „Јас ќе очекував огромниот број на Бугари ...
Став на опозиција

ПАНИКА

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ „Она што е многу побитно е оваа средба и позадината ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %