Став на Костовски

ПОЛТРОНСТВО

Деновиве во етерот проструи иницијатива да тукушто изгласаниот закон за Здруженија каде треба да се изврши ревизија на имињата на бугарските клубови Ванчо Михајлов и Цар Борис Трети, во Македонија, оди на ревизија во меѓународната Венецијанска Комисија. Замислете, овој предлог за ревизија го дава двоецот Ковачевски-Османи. Упатно ќе беше да Законот оди за ревизија во Венецијанската комисија на предлог од бугарска страна.

Неразбирлив ми е актот на полтронство кој актуелната Влада го искажува кон соседна Република Бугарија, со цел да се додвори кај нашиот сосед Бугарија и членките на ЕУ, притоа не водејќи сметка за нас граѓаните на Република Македонија, посебно нас етничките Македонци. Ние, како Република Македонија бараме арбитража од европските институции и спремни сме да сите нивни пресуди ги имплементираме, вклучително во дадениов случај ставот и на Венецијанската Комисија по основ донесениот закон, додека Република Бугарија на веќе донесени по над 15 судски решенија од Судот за човекови права во Стразбур на ОМО Илинден во Бугарија, до денес нема прифатено ниту едно. Очигледно се работи за комплетно маргинализирање на европските институции кои функционираат за владеење на правото во Европа од страна на Република Бугарија, а ние покажуваме сервилност која ќе ни се удри по глава на нас Македонците во идниот период.

Дали актуелната Влада има во себе достоинство и респект кон граѓаните на Република Македонија и посебно кон нас етничките Македонци? Ова се моменти кога се крои нашето македонско битисување во нашата држава Република Македонија. Повторувам: Македонец, Македонија и Македонизам е бренд во развојот на светската цивилизација. Бришењето со гума на сè што носи предзнак македонско е цивилизациски злочин и срам.

Македонија не смее да се идентификува само како територија, денеска разделена меѓу балканските држави. Таа била силна држава и денес сме повторно држава. Молам овој факт да се почитува.

Можеби ќе ви се допадне

Став на Костовски

ЗЛО

ЕСКОБАР-промотор на борбата против организираниот криминал и корупција во Македонија Деновиве сме сведоци на зголемена ...
Став на Костовски

МАКЕДОНЕЦ

Почитувани читатели, изминаа речиси три и половина децении од осамостојувањето на Република Македонија, по распадот ...
Став на Костовски

НАВРЕДА

Во изминативе неколку дена со големо внимание ги следам изјавите на господинот Ковачевски поврзани со ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %