Култура

Отворени две изложби во Галерија „КО-РА“ по повод Денот на Европа

Во Галерија „КО-РА“ денеска беа отворени две изложби по повод 9 мај – Денот на Европа.
Првата изложба насловена „Нашата визија за Европа“ беше отворена во големиот салон на Галеријата. Учество земаа над 20 учесници од земјава и странство.
-Своите визии ги интерпретаираа на најразнороден начин, со што пред се беше доловена творечката слобода која е една од важните придобивки на современото опшетство и ориентацијата која ја имаат сите граѓани на земјите  членките на Европска Унија, велат од Галерија „КО-РА“.
Во малиот салон на Галерија „КО-РА“ од денеска отворена е изложбата на накит на  Санда Миева на која младата уметница се претставува со дизајн на накит во разнородни техники, каде доминираат стилизираните геометриски форми,преточени во разнородна  игра на елементи и структури повеќе геометризирани, но и инспирирани од природта, од флората и фауната, посебно од листот и пеперугата.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Next Article:

0 %