ОБЈАСНУВАЊЕ
Македонскиот премиер Зоран Заев нема да бара одговорност од Талат Џафери, туку ќе чека објаснување за прекршувањето на Уставот.
Ова е ставот на првиот човек на Владата, за потегот на собранискиот спикер да говори албански во Европскиот парламент, во улога на официјален претставник на Македонија.
Според Заев, „човекот што го прекршил бил еден од главните чувари на македонскиот Устав“.
-Нема да побарам одговорност затоа што очекувам од претседателот на Собранието, да го објасни тоа што таму се случило. Затоа што тој е еден од главните чувари на Уставот на Македонија. Очекувам секако почнувајќи од себе, така и сите ние да бидеме пример на почитувањето на Уставот. Како што и очекувам конечно да се направи чекор во почитувањето на Уставот во поднесувањето на амандманите, изјави Заев.