Став на опозиција

НЕ СЕ ПЛАШИМЕ

Жаклина Пешевска пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ

Она што се случува сега во Собранието каде законот за здруженија и фондации изгласан со 83 пратеници, донесен со мнозинство пратеници во кои што учествуваа и гласаа пратеници од парламентарното мнозинство од власта за да сега, Бујар Османи се дрзне и да кажува дека ќе го даде на Венецијанска комисија. Сакам да испратам порака дека ние не се плашиме од мислењето на Венецијанска комисија, но сакам да го потсетам дека кога Собранието носи со мнозинство гласови тоа треба да го спроведува владата без приговор.

Ние се сеќаваме во минатото кога имаше закони кои што има забелешки од Венецијанската комисија за закони кои што ним им одговараа, тие забелешки од Венецијанската комисија во тоа време не им беа важни. Тоа се тие двојни аршини на оваа власт, па ќе правел списоци кои празници ќе сме ги славеле заедно со Бугарија, наместо да одговори на онаа брутална реторика која што ја има Бугарија кон нас. како министер за надворешни работи вели дека ќе правел списоци, како да си прави списоци или да си бира слава која што ќе ја слави дома.

Можеби ќе ви се допадне

Став на опозиција

АСИМИЛАЦИЈА

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „360 степени“ на Алсат-М Телевизија изјави ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %