Став на Костовски

НЕФУНКЦИОНАЛНО

Во врска со новите најави на министерот Бесими за даночни покачувања и воведување на даноци кои што не биле присутни до денес во Република Македонија, почнувајќи од 1 Јануари 2023, сакам да упатам силна порака до Владата на Република Македонија.
Владата на Република Македонија е гломазна и нефункционална, токму поради нејзината гломазност. Постојат министерства и вицепремиерски места кои во ништо не ја помагаат функционалноста на актуелната Влада. Гладта за прибирање повеќе финансиски средства во буџетот на Република Македонија, посебно во овие тешки социјални моменти е чин за осуда. Решението во моментов го гледам во намалување на минимум 30% од ресорните министерства и вицепремиерски места, заедно со нивните секретаријати, автомобили, репрезентации и други трошоци кои ние граѓаните на Република Македонија ги плаќаме. Владата не смее да го користи системот да помага со буџетски средства, во моменти на социјална криза, а истовремено да воведува нови даночни обврски, кои двократно или трократно ќе го оптоварат обичниот граѓанин од навидум дадената помош. Владата мора најпрво да крати кај себе и да покаже пример на домаќинлук. Сиромашната популација која е во најголем процент во Република Македонија ќе биде повторно ставена на додатни давачки кои уште полошо ќе се одразат врз социјално загрозените категории на граѓани.

Можеби ќе ви се допадне

Став на Костовски

БОРЦИ

Борци против организираниот криминал во Република Македонија Поривот за овој став се должи на вчерашната ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Next Article:

0 %