Став на опозиција

НЕСПОСОБНОСТ

Игор Смилев – Советник од Левица во Општина Велес и претседател на еко-здружението „Грин Пауер“

Фејсбук статус:

Јани Макрадули = единица мерка за неспособност.

И ти ли си зема од колачот, а ? Дојде крајот А ?

Дојде време лично да ти се обратам.

ТИ Јани, беше тој кој ме подвлече со ЦРВЕНО во декември 2020, пред да примате поштари во велешката Пошта, иако година и половина (како поштар неосигуран) чесно и посветено работев за вашата фирма.

А Арен ви бев кога не сакаше никој да оди по ридовите, оти вашите сакаа работа во фотељи под клима и на топло !!!!

Сум бил Левица, ( читај неподобен) па брутално и ладно ме подвлече, оти така ти се може.

Оти си дел од елитистичка и профитерска елита која неизлечиво боледува од глад за пари.

ТИ, Јани беше директор на АД ПОШТА додека шетавме на терен на дожд, ветер и снег неосигурани за бедни 15.000. Ама важно парите од пензии и социјално од кое земаше профит ти ги носевме осигурани. И ги сочувавме !!

Не е важен работникот Јани, ВАЖНИ СЕ ПАРИТЕ, НЕЛИ да останат живи. Така е во тој твој проклет материјален и профитерски свет.

ТИ, ЈАНИ, ми уништи нови 15 месеци ЖИВОТ без да ми платиш стаж. Со стара и искината облека шетав носејќи писма презентирајќи го срамот на твојата фирма чиј директор беше.

СРАМ ТИ? – па јас веднев глава од туѓиот срам.

И покрај дописот од двата Синдикати на Пошта ( и тој на СДС и оној на ДПМНЕ) дека имаат ппотреба од мене како посветен и добар работник ( веројатно они најдобро знаат) ТИ, Јани ме подвлече со црвено . Одбра партиски полтрони од ДУИ и СДС , наместо посветени работници.

Ако, црвеното е карма. Се враќа и плаќа. ЕВЕ, ТЕ ПОДВЛЕКУВААТ И ТЕБЕ со црвено мил мој Јани.

Те боли, а ? Знам, сочувствувам со тебе, иако ти си далеку од тој емотивен капацитет на сочувство.

Мојот глас како поранешен поштар вработен под твојата неспособна рака е глас на сите поранешни мои колеги кои сироти молчат, додека чекаат некои од величествените од ДУИ или такви како тебе да се смилостиват и да им дадат пусто решение за да имаат каква таква сигурност од неверојатни 18.000 денари.

Дотогаш , парталави и неосигурани работнци ќе ти ја чуваат фирмата и парите, додека ВИЕ од естаблишментот се гоштевате и ја крадете Поштата.

Ти, Јани , беше заменик во министерство за животна средина кога лежевме со убави луѓе пред багери на Водно додека ти климаше со глава чекајќи ја смртната казна за светата планина на Скопјани.

И тоа малку што го направи – го осакати.

Ти, Јани си темен пример, каков не треба да биде еден политичар. Носиш мрак наоколу.

Ах бре Јани , Јани…….секогаш на различни страни сме биле јас и ТИ. Ти секогаш на погрешната, ама сега дојде време да појдеш на вистинската – на буништето и на СТРНИШТЕТО НА ИСТОРИЈАТА. Ти посакувам долг и неутешен престој. …….

П.С. Ти си ОЧЕКУВАНО разрешен.

 

Можеби ќе ви се допадне

Став на опозиција

УЦЕНА

ЛЕВИЦА Народот се мобилизира против бугаризацијата на Македонија – нема нов предлог! Францускиот предлог, којшто ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Next Article:

0 %