Став на опозиција

НЕСПОСОБНОСТ

Данела Арсовска, градоначалничка на Скопје

Навистина е жално што Бектеши чека од Град Скопје да му ги реши проблемите.

Додека најголемиот дел од европските земји се подготвуваа за справување со енергетската криза и уште пред една година носеа одлуки и мерки за да ги заштитат своите граѓани од несаканите последици, кај нас мерките доцнеа најмалку шест месеци и не беа доволни да ги санираат штетите кои настанаа од немањето на стратегија за решавање на енергетската криза.

БЕГ е проблем на Владата. Министерот Бектеши треба да си ги знае сопствените надлежности и да ги реши проблемите на граѓаните. Да потсетам министерот кој се сликаше со дониран зејтин кој не можеше сам да го обезбеди, нема право да зборува за туѓа способност.

Градот Скопје нема законска обврска да му ги решава проблемите на Бектеши. И наместо да си бара „жртви“ за сопствената неспособност, да најде начин како да им излезе во пресрет на граѓаните кои живеат на раб на сиромаштија заради неговите „успешни“ економски политики.

Ако треба да бидам и министер за економија, Бектеши нека си поднесе оставка.

 

Можеби ќе ви се допадне

Став на опозиција

ЛОШО

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање при ...
Став на опозиција

ТЕНДЕРИ

Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ Власта бара прогласување на нова условно кажано криза поврзана со ...
Став на опозиција

НЕ!

Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Денешната прес конференција е практично информација поврзана со средбата ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Next Article:

0 %