Став на Костовски

НЕДОЗВОЛИВO

Настапот на господинот Џафери, актуелен Претседател на Собранието на Република Македонија, на својот мајчин јазик албански, е недозволив чин, бидејќи настапите на сите официјални лица кои ја претставуваат Македонија на сите форуми во светот мора да го користат официјалниот државен јазик на Македонија – македонскиот јазик. Убеден сум дека господинот Џафери ваквиот чекор го направи со цел да предизвика реакции во нашата држава, а ваквиот чин уште повеќе ме потсетува на сеништата од минатото кога се водеа Балканските војни меѓу Србија, Бугарија и Грција за распарчување на Македонија.

Денес се појавува и четврт ентитет кој има претензии кон нашата територија. Ако до сега Албанците и Албанија не учествуваше во Балканските војни во минатиот век тоа не значи дека нема да учествува во нови премрежија поврзани со нашата Република Македонија. Мудроста налага да влечеме поуки од историјата, ама да влечеме и заклучоци од поедини тенденциозни настапи со кои го иритираат и го прават ткивото на Република Македонија многу сензитивно.

Не сум националист, ја почитувам секоја нација и вероисповест, меѓутоа сум против заговори кои влегуваат на мала врата.

 

Можеби ќе ви се допадне

Став на Костовски

БОРЦИ

Борци против организираниот криминал во Република Македонија Поривот за овој став се должи на вчерашната ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Next Article:

0 %