Луѓе

Најголемата инспирација ја добиваме следејќи ги нашите клиенти

Моника и Славчо Мирчевски креираат спомени во рамка! Нивните Monkdolls се совршен подарок за вашите најблиски.

Како дојдовте до идејата за брендот Monkdolls?

Малите дрвени куклички – Peg dolls, се вид кукли кои потекнуваат од Val Gardena, област на Алпите и биле изработувани уште од 1850-та година. Со својата едноставност и приказната зад нив, веднаш ни ги освоија срцата и направивме рамка со фигури од нашето мало семејство. Куќичката со фигури ни го топлеше домот и срцата, па од таму ја добивме идеата за логото на Monkdolls-куќичка со црвено срце.

Што ве инспирира при изработката?

Најголемата инспирација ја добиваме следејќи ги нашите клиенти. Посветени сме на секој еден, за целосно да ја доловиме приказната која треба да биде претставена во рамка. Тоа е најтешкиот, но и најкреативниот дел од изработката. Секое семејство/пријатели се уникатни сами по себе и тоа ја дава уникатноста на секој наш производ.

Колку време трае постапката за еден украс?

За изработка некогаш ни е потребен еден ден, некогаш еден месец. Сѐ е во зависност од моменталната инспирација, комплексноста и карактеристиките кои треба да ги носи таа рамка.

Се цени ли во Македонија доволно рачната изработка?

Дрвото со неговата можност да менува форма и боја, е прекрасна основа за создавање уметност. Така станува вечно. Безвременско. Чест ни е што ја продолжуваме традицијата на изработка на овој вид на кукли.

За секоја изработка даваме се’ од себе, клиентите тоа го препознаваат и добро го вреднуваат. Навистина сме среќни поради тоа.

Кои се вашите планови за во иднина?

Да продолжиме да шириме љубов и да даваме топлина на секој дом.

 

 

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Луѓе

Next Article:

0 %