Луѓе

Направивме функционална храна пристапна за сите

Ивона е една од коосновачите на „Про-фит“, бренд за протеинска храна кој нуди здрава замена на вашите омилени „guilty pleasure“оброци! Сега имате можноста да уживате во чипсови, пици, паста, чоколади и што уште не, без да имате грижа на совест.

Како дојдовте до идејата за основање на „Про-фит“?

Идејата се роди поради домашни здравствени проблеми, а такви ги имаме скоро сите. Заедно со сестра ми сакавме да придонесеме за нашето општество со тоа што ќе ја направиме функционалната храна попристапна за сите, а во меѓувреме да влијаеме врз начинот на живот преку споделување на вистински информации околу исхраната.

Протеински чипс, пица и паста! Каков е вкусот?

Како чипс, пица и паста! Целата поента на оваа функционална храна е да го доживееш истото искуство на уживање додека го јадеш омилениот оброк или грицка, само сега во поздрава форма.

Кога би морала да бираш, благи или солени производи на „Про-фит“?

Иако повеќето од клиентите би одбрале благо, за мене најголем спас се солените грицки, поконретно би ги издвоила HiLife крекерите и DietiSnack флипс смоките.

Колку според тебе Македонците практикуваат здрава исхрана?

Долг беше процесот претходните години додека ги едуциравме луѓето околу здрава исхрана, избалансирани нутритивни вредности, ГМО и глутен. Со сигурност тврдам дека има голема разлика од почетоците до сега бидејќи ако ништо друго, нашите клиенти веќе знаат и практикуваат да ја читаат нутритивната табела со вредности на сите производи кои ги пазарат за своето секојдневие.

 

Кои се вашите планови за во иднина?

Моментално работиме на проширивање на палетата производи на брендот HiLife кој ние го креиравме, со цел луѓето да можат да јадат ем вкусно ем здраво, а тоа да биде во склад со куповната моќ на нашиот пазар. Дополнително започнавме соработка со нутриционист од одделот за ендокринологија при државна болница, со што наскоро ќе може да им нудиме бесплатни консултации околу исхраната на сите наши клиенти.

www.pro-fit.mk

 

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Луѓе

Next Article:

0 %