Здравје

Можни причини за главоболка наутро

Будењето со главоболка не е добар почеток на денот. Oстрата, пулсирачка болка наутро исцрпува уште пред денот да почне, всушност, и кај некои луѓе трае кратко, а други пак, ја чувствуваат и неколку часа подоцна. Според стручњаците, постојат неколку причини за утринската главоболка.

1. Лош сон

Несоницата може да биде причина за главоболки. Научниците открија јасна врска меѓу недостатокот на сон и, од друга страна – мигрената и главоболката. Недоволен сон го намалува прагот на болка, што ги прави луѓето поподложни на главоболка.

2. Дехидрација

И ако не пие доволно вода, човек може да се разбуди со главоболка. Тоа предизвикува болки коишто може да бидат релативно благи но и потешки.

Дехидрацијата влијае на секој дел од телото, вклучувајќи го и мозокот. Советот гласи – пијте доволно течности за да ги избегнете утринските главоболки.

3. ‘Рчење

Спиењето нарушено од ‘рчење или апнеја (отежнато дишење), исто така, може да биде извор на главоболка при будењето. Сепак, главоболката поврзана со апнеја трае помалку од 30 минути.

4. Лекови и алкохол

Лековите можат да поттикнат главоболки и тука се препорачува консултација со лекар за можна промена во терапијата. И мамурлакот, како и претерувањето со алкохол може да доведат до главоболка рано наутро.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %