Историски семејства

Мистеријата на принцезата од Монако: Дали навистина e болна или избега од својот сопруг

Принцезата Шарлин од Монако (43) изврши четиричасовна операција на синуси во родната Јужна Африка, соопшти канцеларијата на нејзиниот сопруг принцот Алберт Втори. Исто така, се наведува дека принцот Алберт ќе ја посети со нивните близнаци штом ќе закрепне. Меѓутоа, медиумите шпекулираат дали операцијата е вистинската причина поради која отсуствува принцезата, која последен пат беше видена со сопругот во јануари оваа година или нешто друго е во прашање.

Долгото отсуство на принцезата Шарлин од Монако повторно ги зголеми сомнежите за стабилноста и опстанокот на нејзиниот брак со принцот Алберт од Монако, и покрај изјавата на кралската палата, во која се наведува дека Шарлин страда од „сериозна инфекција на синусите“.

Последниот јавен ангажман на Шарлин беше на 27 јануари, кога му се придружи на својот сопруг на церемонијата „Sainte Devote“ во Монте Карло. Не е видена во јавност со месеци откако отпатува во Јужна Африка. Сепак, таа е активна на социјалните мрежи и дава интервјуа.

„Ова е најдолгиот период што го поминувам далеку од Европа, а особено далеку од моите деца. Поголемиот дел од времето го минувам на Фејсбук разговарајќи со нив … Многу е фрустрирачки. Едвај чекам да им се вратам, едвај чекам да ги видам!“, рече таа во интервју за јужноафриканското радио „702“.

„Одлична можност е да се биде во Јужна Африка, но многу сум тажна што не можам да бидам во Европа со моите деца ова лето. Ќе се видиме во живо по мојата операција“, рече таа.

Таа додаде дека првично требало да биде во Јужна Африка само 10 до 12 дена поради патувањето со нејзината фондација, но дека мора да остане поради проблеми со ушите.

„Докторот ми рече дека имам синусна инфекција. Поради воздушниот притисок, не можам да летам со авион, така што ќе останам стационирана во својата татковина до крајот на октомври“, објасни таа.

Сепак, извор од палатата рече дека „принцезата, барем засега, нема намера да се врати во дворецот“.

Ова отсуство на принцезата од Монако влијае и на нејзиниот однос со народот во Монако. Стивен Бирн, најистакнатиот кралски коментатор во Франција, опиша дека кралските поданици во Монако биле лути поради бегството на принцезата – критикувале се од нејзиното расположение до нејзиниот изглед.

„Од заминувањето на принцезата, почнаа озборувања“, рече тој.

Од самиот почеток, бракот на Шарлин и Алберт беше проследен со гласини. Двојката се запозна на натпреварот по пливање Маре Нострум во Монте Карло во 2000 година, а свршувачка направија десет години подоцна. Поранешната олимписка пливачка наводно се обидела да избега од Монако во Јужна Африка три пати пред кралската венчавка во 2011 година, и дека љубовницата на Алберт наводно го родила своето трето вонбрачно дете во 2005 година, кога двајцата биле во врска.

Се шпекулираше дека функционери од Монако ја принудиле да потпише договор со принцот, во кој пишува дека ако на Круната и обезбеди легитимен наследник, може да го напушти дворецот.

„И ако работите не се одвиваат добро, откако ќе ја добие титулата принцеза за одреден временски период, таа ќе добие дарежлив надомест за развод“, рече еден извор.

Во декември 2014 година беше објавено дека Шарлин родила близнаци: принцезата Габриел и престолонаследникот, принцот Жак.

Во јули оваа година, принцот Алберт и принцезата Шарлин одделно ја прославија својата десетгодишнина од бракот. Принцезата го одбележа денот со објава на Инстаграм во која им се заблагодари на нивните семејства и пријатели за целата љубов и поддршка.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %