Македонија

Костовски: СДСМ беше партија на интелектуалци, денес не е

Бизнисменот Трифун Костовски денеска даде изјава во врска со исходот од Локалните избори која ја пренесуваме во целост:

Локалните избори завршија со многу силна победа на партијата ВМРО-ДПМНЕ. На овие избори граѓаните го казнија Зоран Заев за неговите погрешни политики кои ги водеше во минатите 4,5 години, бидејќи Македонија остана да тапка во место во споредба со останатите држави на Балканот. Чинот за негова оставка како Премиер на Владата на РМ и Претседател на паријата СДСМ, го прифаќам со задоволство, бидејќи сум убеден, а времето ќе покаже дека токму со Зоран Заев партијата СДСМ го допре дното од недостаток на квалификувани, искусни и чесни политичари во својот состав. Во 90-тите години СДСМ, беше партија на интелектуалци. Денес не ќе да е така. Посакувам членството на СДСМ овој пат сериозно да размисли кому и на кој состав ќе му ја довери партијата да ја води во натамошниот политички амбиент во РМ. Многу прашања, многу дилеми предизвика овој чин, меѓутоа сум сигурен дека е направен во право време и дефинитивно од овој чин ќе имаат бенефит граѓаните на РМ. Наша македонска мудрост умее да каже НА ЛАГАТА КРАТКИ И СЕ НОЗЕТЕ.

Ја користам приликата да ја честитам победата на ВМРО-ДПМНЕ, посебно беше забележителна кампањата на оваа партија во вториот круг на изборите каде се упатија кон граѓаните со многу јасни и чесни пораки. Прв пат во моите очи Господинот Мицковски покажа лидерски особини. Да се надеваме дека ова ќе биде вистина.

 

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Next Article:

0 %