Став на опозиција

ИНТЕРПЕЛАЦИЈА

Левица бара интерпелацијата против Џафери да се разгледа на седницата на 22 јули. Пратеникот Димитар Апасиев, кој е нејзин предлагач и за тоа доби поддршка од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека Џафери намерно го одложува разгледувањето.

„Бидејќи иницијативата ја поднесовме на 5 јули, рокот за нејзино разгледување истекува на 21 јули, што значи дека интерпелацијата треба да биде ставена на дневен ред на 47-та седница закажана за 22 јули“, рече лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

Деловникот на Собранието обврзува по истекот на рокот од 15 дена, интерпелацијата да се разгледа на првата следна пленарна седница.

Албанските партии не ја поддржуваат интерпелацијата против Џафери, бидејќи сметаат дека тој не го прекршил Уставот со тоа што во Брисел зборуваше на албански јазик. СДСМ пак, смета дека спикерот погрешил, но нема да ја поддржи интерпелацијата поради тоа што Џафери бил конструктивен претседател на Собранието за време на пандемијата.

Предлогот на Левица и ВМРО-ДПМНЕ се заснова на аргументите за заштита на македонскиот како официјален јазик за меѓународна употреба. Нивното барање доаѓа паралелно со резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ преку која партијата на Христијан Мицкоски се обидува да повлече црвени линии за македонскиот јазик и идентитет во однос на преговорите со Бугарија, чиј резултат е предуслов за пристапниот дијалог со ЕУ.

Можеби ќе ви се допадне

Став на опозиција

ЛОШО

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање при ...
Став на опозиција

ТЕНДЕРИ

Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ Власта бара прогласување на нова условно кажано криза поврзана со ...
Став на опозиција

НЕ!

Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Денешната прес конференција е практично информација поврзана со средбата ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Next Article:

0 %