Луѓе

Инспирацијата ја добивам од секојдневието

Единствена можност вашиот дом да биде единствен и уникатен! Каролина Арменска со своите вешти раце ги претвора платната во прекрасни уметнички дела кои му даваат посебен печат на секој простор.

Каролина, што си по струка и од кога се занимаваш со цртање на платно?

Веќе 2 години се занимавам со маркетинг, професија која неизмерно ми овозможува да ја изразам својата креативност. Креативата и љубовта кон цртањето се присутни уште од мали нозе, но поинтензивно и попрофесионално почнав да се занимавам со цртање на платно и продажба на уметнички слики во 2020 година, во периодот на ковид кризата. Во тој период сеуште бев на студии, но исто така активно се посветив на цртање и развивање на своето хоби, кое и ден денес ме исполнува.

Која техника на цртање ја користиш моментално?

Уште од самиот старт ја користам техниката акрил на платно, меѓутоа експериментирам со дизајнот на уметничките дела. Креативните барања и идеи на клиентите во спој со мојата желба за предизвици, ми овозможува да се изразам во повеќе стилови и дизајни, опфаќајки цртање на ликови, пејсажи, природа, аспракт, line art итн.

Што најчесто те инспирира?

Инспирацијата ја добивам од повеќе аспекти од секојдневието, природата, инстиктот за создавање на уникатност, патувањата, Pinterest, како и ентериерот каде што треба да биде поставено уметничкото дело во соработка со креативните желби и идеи на клиентите.

Имаш ли омилено дело?

Ухх, навистина не би можела во моментов да издвојам едно омилено дело, бидејќи постојано се воодушевувам од сликите творени од уметници во и надвор од Македонија.

Колку се цени уметноста во Македонија?

Искрено, од кога почнав да се занимавам професионално со уметност сфатив дека има многу луѓе што навистина го ценат трудот, одвоеното време, посветеноста и уникатноста на уметниците.  Се надевам дека овој број само ќе се зголемува со цел повеќе артисти и креативци да се охрабрат да ги прикажат своите таленти и заеднички да ја негуваме уметноста во Македонија. 😊

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Луѓе

Next Article:

0 %