ИЗБОРИ
Господо од актуелната Влада на Република Македонија. Вие немате легитимитет да го решавате македонското прашање во меѓусебниот спор со Република Бугарија. Тоа е исклучиво ексклузивно право на нас, Македонците.
Ја почитувам секоја добронамерна иницијатива на оваа тема, но да не убедувате што е добро, а што е лошо за нас Македонците, тоа е недозволив чин. Не бев поборник за предвремени избори, меѓутоа сега ја сфаќам суштината на функционирањето на оваа вештачко формирана и одржлива Влада, а тоа е обезличување на македонскиот идентитет во очите на македонската и светската јавност. Порачувам до Владата да го одбие францускиот предлог за решавање на спорот со соседна Бугарија и да распише час поскоро, најбрзо можни парламентарни избори со цел да дојде до израз волјата на граѓаните.
Социјалната ерозија од ден на ден расте и ќе биде многу помудро да Владата на Република Македонија се посвети на овој план. Замрзнување на преговорите со ЕУ и Бугарија е императив. Убеден сум дека јас и многумина како мене ќе опстоиме во борбата за нашата национална посебност.
Повторувам, Владата на Република Македонија нема легитимитет да преговара со соседна Бугарија и ЕУ за прашања поврзани со нас, Македонците. Очекувам респект за нашите национални побуди и барања.