Историски семејства

Елизабета II

Елизабета II (англ. Elizabeth II) цело име: Елизабета Александра Мери Виндзор (р. 21 април 1926) — кралица на шеснаесет независни држави и нивни прекуморски територии здружени во сојузот наречен Комонвелт. Според Вестминстерскиот статут од 1931 г., таа ги носи круната и владетелската титула на секоја од тие држави посебно и подеднакво; сепак таа е жител и најдиректно вклучена во Велика Британија, нејзиното најстаро кралство, во кое нејзините предци владееле повеќе од 1000 години. Стапила на престолот во 1952 г.

 

Покрај Обединетото Кралство, Елизабета II е и Кралица и на Канада, Австралија, Нов Зеланд, Јамајка, Барбадос, Бахамите, Гренада, Папуа Нова Гвинеја, Соломонски Острови, Тувалу, Света Луција, Свети Винсент и Гренадините, Антигва и Барбуда, Белиз и Сент Китс и Невис. Во секоја од овие држави, таа е претставена од Генерален гувернер. 16 земји во кои таа е кралица се познати како кралства на Комонвелтот. Нивното вкупно население брои 129 милиони жители. Теоретски, нејзината моќ е огромна, но во пракса и според конвенциите, таа лично никогаш не се впушта во политички прашања. Сепак, особено во Велика Британија, позната е по тоа дека е активна во кулоарската политика и во работите на државата, и редовно се среќава на работни средби со министрите од Владата. Елизабета II држи и низа други позиции, меѓу нив и шеф на Комонвелтот, врховен поглавар на Англиканската црква, војвода од Нормандија, лорд на островот Ман, врховен командант на армијата на Велика Британија, врховен командант на армијата на Канада, врховен адмирал на морнарицата и др.

Елизабета II е еден од најдолго владеачките монарси во историјата, и исто така единствена која е водач на повеќе од една држава истовремено (заедно со претседателот на Франција кој истовремено е и ко-принц на Андора. Како што некои од колониите на Британскиот Комонвелт (денешен Комонвелт) се здобивале со независност од Велика Британија за време на нејзиното владеење, таа станувала кралица на новопрогласените независни држави.

Од 1947 кралицата е мажена за принцот Филип, војводата од Единбург, роден како принц од Грција и Данска, но по натурализацијата во Англија познат како Филип Маунтбатен. До денес тие имаат 4 деца и осум внуци.

 

Моментално таа е втор најстар шеф на држава во светот, по кралот Бумибол на Тајланд. През периодот од преку 50 години владеење, кралицата има доживеано смена на 10 британски премиери, како и бројни други премиери на земјите на Комонвелтот на кои таа е шеф на држава.

Елизабета се родила на 17 Брутон Стрит во Мејфеар, Лондон на 21 април 1926. Нејзиниот татко бил принцот Алберт, Војвода на Јорк (подоцна крал Џорџ VI), вториот најстар син на Џорџ V и кралицата Мери. Нејзината мајка била војвотката на Јорк (леди Елизабета Боуз-Лајон), ќерка на Клод Џорџ Боуз-Лајон, 14 гроф на Стратмор и Кингхорн и неговата жена, грофицата од Стратмор.

Кралицата била крстена во Музичката соба во Бакингемската палата од Космо Ланг, тогашниот Јоршки надбискуп, а нејзините кумови биле кралот Џорџ и кралицата Мери, кралскатата принцеза, војводата на Конот, грофот од Стратмор и леди Елфинстон.

Елизабета била крстена по нејзината мајка, додека двете средни имиња се преземени од нејзината баба од таткова страна кралицата Александра и од нејзината баба кралицата Мери. Како дете членовите на нејзиното најблиско семејство ја нарекувале „Лилибет“.

Како внука по машка линија на британскиот суверен, таа ја имала титулата британска принцеза и ословувана Нејзиното Кралско Височество. Полниот начин на ословување ѝ бил Нејзиното Кралско Височество принцезата Елизабета од Јорк. Кога се родила, таа била трета во наследната низа на британскиот престол, зад нејзиниот татко и чичко, принцот од Велс (подоцна крал Едвард VIII). Иако нејзиното раѓање побудило јавен интерес, никој не можел да предвиди дека таа би станала кралица. Се претпоставувало дека нејзиниот чичко, принцот од Велс би се оженил и би имал деца во догледно време. Доколку Едвард останал на престолот и немал деца (што било веројатно), Елизабета сепак би била кралица.

Младата принцеза Елизабета добила домашно образование, како и нејзината помлада сестра, принцезата Маргарет, под туторство на нејзината мајка, а потоа војвотката од Јорк. Нејзина гувернанта била Марион Крафорд. Таа студирала историја со С. Х. К. Мартен, проректор на Етон како и современи јазици. Моментално таа течно зборува француски. Веронауката пак, ја научила од Кантербуршкиот надбискуп и отсекогаш била побожен верник во рамките на Англиканската црква.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Next Article:

0 %