Скопје

Водовод: Градот Скопје редовно ќе се снабдува со вода, без никаков прекин во снабдувањето

Градот Скопје во текот на денешниот ден редовно ќе се снабдува со вода, без никаков прекин во снабдувањето, соопштија од Водовод и канализација.

-За жал, на социјалните мрежи од страна на неовластени лица беа објавени и ширени неточни и непроверени информации, при што против овие лица јавното претпријатие Водовод и канализација ќе превземе соодветни чекори за утврдување на одговорност поради обид да создадат несигурност кај граѓаните на градот Скопје, стои во соопштението.

Оттаму додаваат дека сите населени места во Градот Скопје ќе бидат целосно и редовно снабдени со вода за пиење.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Скопје

Next Article:

0 %