Став на опозиција

ВЕЛЕПРЕДАВСТВО

ВМРО ДПМНЕ

Предавникот Димитар Ковачевски и антимакедонската СДСМ многу скоро ќе одговараат за велепредавство.

Она што го усвоија и се согласија е предавство на Македонија и македонскиот народ. Целосна бугаризација и асимилација на Македонија, ова преставува срам за целата држава.

Антимакедонската СДСМ и предавникот Ковачевски наместо на страната на народот кој со денови маршираше и протестираше против овој асимилаторски предлог, се ставија на мрачната страна на историјата.

Антимакедонците од СДСМ со овој штетен предлог кој си го усвоија во владата се откажаа од македонската историја, македонскиот јазик, македонската култура и македонскиот индентитет.

Овие антимакедонци се предавници на македонскиот народ.

Информацијата која денес ја изгласаа антимакедонците од СДСМ нема никакво значење, затоа што преговарачката рамката ја условува Владата, а тоа е промена на Уставот на државата со цел вметнување на Бугарите во Уставот. Промена на Уставот на Македонија нема да има, а тоа нема да го дозволат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Исто така ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага за измена на преговарачката рамка, каде што сите спорни делови со кои се асимилира државата и македонскиот народ да бидат избришани и изоставени.

ВМРО-ДПМНЕ е за преговори со ЕУ на рамноправна основа и целосно почитување на европските вредности.

За многу брзо за сите предавства и погубни политики за државата и македонскиот народ од страна на антимакедонската СДСМ ќе им дојде крајот и ќе дојде ден кога сите тие ќе одговарат за штетите кои ги прават врз државата и граѓаните.

Стоп за предавствата, долу за предавниците.

 

Можеби ќе ви се допадне

Став на опозиција

ПРИНЦИПИ

ВМРО-ДПМНЕ Арсовска разочара затоа што не испорачува резултати, ВМРО-ДПМНЕ докажа дека се бори за принципи, ...
Став на опозиција

МОЛК

Опозициските партии останаа неми на резултатите од истрагата за стечајот на Еуростандард банка.
Став на опозиција

ЛОШО

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање при ...
Став на опозиција

ТЕНДЕРИ

Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ Власта бара прогласување на нова условно кажано криза поврзана со ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Next Article:

0 %