Историски семејства

Бурбонска династија

Бурбонската династија е важна европска династија, гранка од Капетинската династија. Бурбонските кралеви владееле со кралствата Навара и Франција уште од 16 век. До 18 век, членови на Бурбонската династија биле монарси и на Шпанија, Неапол, Сицилија и Парма. Шпанија и Луксембург и денес имаат Бурбонски монарси.

 

Бурбонските монарси владееле со Навара од 1555 и со Франција од 1589, сè до 1792 кога монархијата била отфрлена за време на Француската револуција. Потоа, повторно монархијата била обновена во 1815, и дефинитивно заменета во 1830 од Орлеанската династија.

Филип V од Шпанија бил првиот Бурбонски владетел на Шпанија од 1700 година. Оваа гранка од Бурбонската династија владее со Шпанија до денес. Нејзин претставник е Н.В. кралот Хуан Карлос I.

Бурбоните првобитно биле аристократско семејство чие стебло може да се следи до почетокот на 13 век, кога со имотот Бурбон владеел лорд кој бил вазал на францускиот крал. Во 1268 година Робер, Гроф од Клермон, шестиот син на кралот Луј IX се оженил со Беатрикс од Бургундија, Дама на Бурбон. Бидејќи таа била единствена наследничка на имотот Бурбон, нивниот син ја добил титулата Војвода од Бурбон во 1327. Бурбонската линија најпрво станале кралеви на Навара во 1555, а потоа и на Франција, кога Анри III од Навара станал Анри IV од Франција во 1589.

Анри IV (роден на 13 декември 1553 во По – починал на 14 мај 1610 во Париз) бил првиот крал на Франција од Бурбонската династија и крал на Навара. Тој бил протестант и учествувал на нивна страна во нивните борби. Во 1572, станал крал на Навара, а во август истата година се оженил со Маргарита Валоа, ќерка на кралот Анри II и сестра на кралевите Франсоа II, Шарл IX и Анри III. Овој чин требало да претставува помирување на Протестантите и Католиците, но истиот се претворил во масакар само неколку дена подоцна, во Вартоломејската ноќ, која била организирана од страна на Катерина Медичи.

Бил убиен од страна на верскиот фанатик, Франсоа Равајак на 14 мај 1610 во Париз. На престолот го наследил неговиот син Луј.

 

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Next Article:

0 %