Здравје

Британскиот турист во Грција има варичела, а не мајмунски сипаници

Британскиот турист во Грција кој се водеше како првиот сомнителен случај на мајмунски сипаници во земјата, има варичела, а не мајмунски сипаници, покажаа испитувањата направени во Лабораториите за микробиологија на Универзитетот во Солун и во атинската болница каде што е хоспитализиран мажот, јави дописничката на МИА од Атина.

Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ) доцна синоќа соопшти дека „при лабораториските испитувања на примерокот од сомнителниот случај кај мажот хоспитализиран во болницата „Атикон”, не е откриен вирус на мајмунски сипаници (monkeypox), додека примерокот беше позитивен на два повторени теста за вирусот варичела (varicella – chickenpox)”.

Туристот во саботата вечерта беше хоспитализиран и се водеше како прв сомнителен случај на мајмунски сипаници во Грција, а според грчките медиуми, 29-годишниот Британец, заедно со неговата пријателка биле на одмор на Кефалонија, каде што му се појавиле првите симптоми, меѓу кои и осип на кожата.

Од локалниот здравствен центар на островот, со авион итно бил пренесен во атинската болница „Атикон”, каде што беше изолиран и под надзор на лекарски тим, додека се чекаа резултатите од испитувањата.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Next Article:

0 %