Свет

Блинкен: САД нема да признаат руска анексија на територии во Украина

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека САД и нивните сојузници „никогаш нема да ја признаат“ руската анексија на територија во Украина.

– Ние и многу други земји јасно ставивме до знаење. Нема, никогаш нема да ја признаеме руската анексија на украинска територија, рече Блинкен на прес-конференција.

Проруските сепаратистички власти во Украина ги објавија првите резултати од референдумот за присоединување на републиките Доњецк и Луганск како и регионите Запорожје и Херсон кон Русија, според кои мнозинството гласало „за“.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Свет

Next Article:

0 %