Бизнис и економија

Бизнис форум за предностите и недостатоците на регионалната соработка

Стопанската комора на Северна Македонија денеска организира бизнис форум „Предности и недостатоци во регионалната соработка – Даути комерц – Промотор на регионалната соработка”.

Како што соопшти Комората, бизнис форумот се организира во насока на утврдување на правците за унапредување на економската регионална соработка, преку конкретни примери и по повод 30-годишниот јубилеј на компанијата „Даути комерц” од Скопје.

Учесници во панел дискусијата ќе бидат Бранко Азески, претседател на Стопанска комора на Северна Македонија, Џемаил Даути, главен извршен директор на Даути-комерц, Сафет Ѓерѓалиу, економски аналитичар од Приштина и Шаќир Палуши, основач и сопственик на Фрутекс од Приштина. На бизнис форумот ќе присуствуваат и бизнисмени и аналитичари од земјава и од Албанија, Србија и Косово.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %