Став на Костовски

Бехтел-Енка извор на доброто или злото во Македонија

Почитувани читатели, не стивнуваат во јавноста дискусиите меѓу сите општествени чинители поврзани со потпишаниот договор на Република Македонија со конзорциумот Бехтел-Енка за изградба на 108 км автопати на коридорите 8 и 10-д. Потписниците на овој договор од македонска страна од страна на Владата на Република Македонија носат на себе голем терет, бидејќи дозволија партнерот да инсистира да овој договор се држи во тајност, далеку од очите на јавноста.

Стопанственик сум и навистина не можам да разберам кои се побудите на овој конзорциум да инсистираат на таинственост на потпишан договор со актуелната Влада на Република Македонија? Говориме за договор од јавен интерес за Република Македонија и нејзините граѓани, говориме за конзорциумот Бехтел-Енка кој покрај стручноста треба во изведбата на овој проект, да остави траен знак меѓу граѓаните на Република Македонија за направен добар чин.

Убеден сум дека зад таинственоста на овој договор кој официјално е на барање на конзорциумот Бехтел-Енка, стои актуелната Влада на Република Македонија.

Корпорација од типот на Бехтел-Енка нема причина да држи договори во тајност, знаејќи дека се работи за бизнис од јавен интерес.

Очигледен е фактот дека Владата на Ковачевски го потпишува овој договор со конзорциумот Бехтел-Енка без притоа да направи темелни подготовки по истиот. Немаме траса, немаме проект, немаме усвоена законска регулатива за брза реализација на овој договор. Зачудува фактот што овој капитален договор се потпишува без да јавноста биде детално информирана околу потребите за вакви капитални проекти. На Македонија и се потребни 1500 км автопатишта за внатрешно поврзување меѓу сите урбани и рурални средини. Зошто токму коридорот 8 и 10-д?

Вакви прашања се поставуваат секојдневно, а одговори нема.

Меѓународната заедница предводена од САД и ЕУ, при самиот чин на потпишување на овој проект беа изманипулирани од Владата на Република Македонија, бидејќи и тие како и ние, граѓаните на Република Македонија, станаа свесни дека овој договор крие во себе многу шпекулации и непознаници во јавноста што впрочем секојдневно се обистинува.

На 20 април оваа година, Амбасадата на САД со официјално соопштение се дистанцира од содржината на потпишаниот договор со Бехтел-Енка, а деновиве, амбасадорот на ЕУ укажа на фактот дека европското знаменце во парламентот се злоупотребува за носење на закони кои немаат ништо заедничко со европската легислатива. Во дипломатскиот свет ова се толкува како дистанцирање на нашите партнери од она што Владата на Република Македонија го потпиша. Убеден сум дека амбасадорите на САД и ЕУ никој пат не би дозволиле во своите земји најголемите капитални инвестициски договори да се кријат од очите на јавноста.

Важиме како земја каде владее криминалот и корупцијата. Бидете убедени криминалот и корупцијата не се по улиците, по пазариштата, по маркетите, по нивите и пасиштата, туку во институциите на системот.

Мој предлог за излез од оваа неразбирлива криза е следниов:

  • Мораториум на договорот од минимум 6 месеци
  • Запознавање на јавноста со деталите од овој потпишан договор
  • ренегоцијација на условите, проектите и трасите коишто овој конзорциум треба да ги гради
  • Доколку треба да има и законски измени со цел забрзување на реализацијата на овој проект да се направи политички консензус меѓу власта и опозицијата.

Упатувам порака до нашите пријатели, партнери од НАТО и ЕУ. Помогнете ни да се справиме со злото криминал и корупција. Ова е тоа што денес на Македонија и е најпотребно.

 

Можеби ќе ви се допадне

Став на Костовски

РЕЗИЛ

Новоизгласаниот Кривичен законик со просто мнозинство изгласан во Собранието на Република Македонија, за мене означува ...
Став на Костовски

ГЛУПОСТ

Деновиве во јавноста протече информацијата дека спортската сала Борис Трајковски ќе биде детално реконструирана за ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %