Бизнис и економија

Бесими – Агелер: РСМ одлучно чекори кон ЕУ, САД значаен партнер за реформите на тој пат

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска оствари средба со новата амбасадорка на САД во земјава Анџела Прајс Агелер, на која беше истакнато дека одличните политички релации меѓу двете земји, во блиска иднина треба да поттикнат и попродлабочена економска соработка.

Бесими, како што соопштија од Министерството за финансии, и посакал добредојде и успешен мандат на амбасадорката со уверување за натамошно зајакнување на соработката и поддршката на САД во спроведување на реформите.

– Владата на САД дава значајна поддршка на РС Македонија во напорите насочени кон економски раст и стабилност, како и кон зајакнување на демократските практики на институциите, рече министерот Бесими.

Притоа тој посочи дека и покрај сите предизвици, РС Македонија одлучно чекори на патот кон Европската Унија.

– Во следните фази од пристапниот процес Министерството за финансии е водечка институција за осум поглавја и е вклучена во четири од вкупно шест кластери. Истовремено Владата е фокусирана на обезбедување поддршка за компаниите и најранливите категории граѓани за справување со последиците од ценовната и енергетската криза, нагласи Бесими.

Тој истакна дека САД даваат силна поддршка за евроинтеграциите на РС Македонија и оти Соединетите Американски Државни се еден од најзначајните стратешки партнери на РС Македонија.

– Дополнително и како членка на НАТО, нашата држава станува попривлечна земја за инвестиции, што создава перспективи за побрз економски раст. Во таа насока владеењето на правото и борбата против корупцијата ќе бидат клучни фактори во подобрувањето на деловната клима и во остварувањето на стратешките цели за побрз, одржлив и инклузивен раст, потенцираше Бесими.

Министерот на средбата ја презентирал Програмата за реформа на управувањето со јавни финансии во чии рамки е и новиот Закон за буџети, како и воспоставувањето на Интегрираниот информациски систем за управување со финансии (ИФМИС) за чие имплементирање поддршката од Канцеларијата за техничка помош на Трезорот на САД (ОТА) би била од клучно значење.

Преку Агенцијата за меѓународен развој (УСАИД), САД досега имаат инвестирано над 800 милиони долари во нашата држава, пред сѐ во политики коишто се насочени кон економски раст и зајакнување на демократските практики и институции

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %