Здравје

Белгиски научници открија заштитен ефект од пурпурната екинацеа врз Ковид-19

Научниците од Универзитетот во Антверпен открија дека пурпурната екинацеа има ефикасен заштитен ефект врз вирусите вклучително Ковид-19.

Според тимот на научници под водство на професорот Вим Ванден Берг ова растение има “многу ветувачки“ последици за повеќе респираторни вируси, објавува денеска весникот Ле Соар. Пурпурната екинацеа помага во борбата против респираторни вирози, но и помага да се намали ризикот од заразување, според научниците од Универзитетот во Антверпен.

Првите резултати од лабораториските тестирања се покажале многу позитивни бидејќи растението го зголемува вродениот имунитет против вируси. Научниците спровеле клинички тестирања и врз возрасни и врз деца, секој пат со убедлив исход.

Екстрактот од пурпурна екинацеа го намалува бројот на настинки, кај децата дури до 98 отсто намалување е забележано. Сепак лекот не би требало да биде комерцијализиран пред да се спроведат дополнителни тестови. 

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %