Став на Костовски

АНАЛИЗА

Во екот на интензивните преговори кои се водат на релација Скопје-Софија-Брисел, околу симнување на ветото на Бугарија за доделување датум на Република Македонија за отпочнување на преговори со ЕУ, недвосмислено се покренува прашањето за повторно отворање на Уставот на Република Македонија, со што ќе се овозможи на бугарското малцинство да биде третирано како дел од севкупната етничка структура во Република Македонија.

Мој личен став е дека Уставот на Република Македонија не смее да се отвора за давање малцински права на Бугарите во Република Македонија бидејќи не е исполнет основниот критериум на реципроцитет меѓу Македонија и Бугарија. Невозможно е да го третираме бугарскиот Устав како зацементиран и не може да се отвори за останатите етнички заедници кои живеат во Бугарија, а по националност не се чувствуваат Бугари. Меѓу овие етнички заедници се наоѓа и македонскиот етникум кој е денеска дел од бугарската држава.

Мојот став е дека Уставот на Република Македонија може да биде отворен после детална анализа од неговото досегашно функционирање во секојдневниот социо-политички амбиент. Бадентер мора да се отстрани од Уставот, бидејќи претставува сопирачка во севкупниот мулти-етнички развој на Република Македонија. За внесување на малцинствата посебно со земјите кои не ја признаваат македонската посебност и посебноста на останатите етнички заедници кои се дел од нашата држава, треба да постои цврст став дека ниту македонскиот Устав нема да дозволи внесување на етничките заедници чии мајки држави не ги признале етничките заедници кои се дел од нивното општество во случајов се работи за нашите соседи Бугарија и Грција, чии устави не признаваат други етнички заедници, освен бугарската во Бугарија и грчката во Грција.

 

Можеби ќе ви се допадне

Став на Костовски

БОРЦИ

Борци против организираниот криминал во Република Македонија Поривот за овој став се должи на вчерашната ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Next Article:

0 %